Профил на АД ОХИС, Скопје
Акционерското Друштво Органско Хемиска Индустрија „Наум Наумовски-Борче“ - АД ОХИС, Скопје е основано во 1960 година.
Денес АД ОХИС, Скопје е акционерско друштво со доминантен државен капитал (75,52%). Вкупниот број на вработени во компанијата во моментов е 826.
Управата и производствените капацитети на компанијата, вклучувајќи ги и друштвата капитално поврзани со АД ОХИС, Скопје (ОХИС Билјана ДООЕЛ, ОХИС Пласт М ДООЕЛ, ОХИС Пва Фар ДООЕЛ, ОХИС Филком ДОО, ОХИС Пеом ДОО) се лоцирани во населбата Лисиче, општина Кисела Вода, 10 километри оддалеченост од главниот град на РМ.
АД ОХИС, Скопје се простира на 96 хектари од кои, по евиденцијата на геодетската управа на поседовен лист под објекти има околу 5 хектари, а фактичката состојба е околу 12 хектари. Внатре во кругот на компанијата има изградена комплетна патна и железничка мрежа за потребите на фабриките-припоените друштва на АД ОХИС, Скопје, сопствено водоснабдување и пречистителна станица за отпадните води.
АД ОХИС, Скопје е поврзан на гасоводот (инсталиран капацитет од 22.500 Nm3/h) и има разгрането сопствена мрежа, произведува топлинска енергија (пареа), а има технички можности за производство и на сопствена електрична енергија.
Основната дејност на АД ОХИС, Скопје е поврзана со хемиска индустрија. Друштвата кои функционираат во рамките на АД ОХИС спроведуваат широк спектар на активности, вклучувајќи производсвто на прашкасти и течни детергенти, средства за заштита на растенијата, базни хемикалии, водено стакло, ПВЦ прав, ПВЦ цевки, ПВЦ фолии и гранулати, како и сервисирање на услуги, како што се транспорт и дистрибуција на електрична енергија. Исто така, за опслужување на друштвата на АД ОХИС, се срвисираат и услуги од економска, правна и кадровска сфера.