Внатрешна - АД Охис
English

За Нас

 


Во Скопје главниот град на Република Македонија, се наоѓа Акционерското Друштво Органско Хемиска Индустрија "Наум Наумовски-Борче" познато како АД ОХИС, Скопје кое постои од 1960 година.

Со разновидноста на технолошките процеси, меѓусебната поврзаност во репродукциски целини, големината на одделни капацитети, асортиманот и квалитетот, АД ОХИС е хемиски комплекс кој има значајно место во македонското стопанство и носечка улога во хемиската индустрија во Македонија.

Производството во АД ОХИС е тесно поврзано со развојот на многу индустриски гранки како што се: текстилната, дрвната, металопреработувачката, графичката и тутунската индустрија, земјоделството и градежништвото.

Разновидниот асортиман на производи, АД ОХИС го остварува преку повеќе технолошки целини-фабрики и во нивната производна програма застапени се прашкасти и течни детергенти, средства за заштита на растенијата, средства за лична хигиена, базни хемикалии, водено стакло, ПВЦ прав, ПВЦ цевки, ПВЦ фолии и гранулати, како и сервисирање на услуги и тоа транспорт и дистрибуција на електрична енергија.

Во составот на АД ОХИС функционираат следниве капитално поврзани друштва:

ОХИС Билјана ДООЕЛ

ОХИС Пласт М ДООЕЛ

ОХИС Пва Фар ДООЕЛ

ОХИС Пеом ДОО

ОХИС Филком ДОО