Стандарди и Сертификати
АД ОХИС со голем број на производи од повеќе области на базната и преработувачката хемиска индустрија, има организирано континуирана и хетерогена контрола на квалитет. Таа започнува со анализа на суровините кои треба да имааат точно одреден и дефиниран квалитет што е еден од нужните услови за добивање на квалитетни готови производи. Во текот на технолошкиот процес, контролата со максималната оперативност, го следи квалитетот и тесно соработува со производството со заедничка и единствена цел за одржување на квалитетот на финалните производи. На крај јасна слика се добива преку целокупното испитување на финалните производи.
Оценката на квалитетот на финалните производи е многу значаен момент во управувањето со квалитетот и затоа и се приоѓа со посебно внимание. Резултатите добиени при испитувањата се користат како за следење на производствениот процес, така и за понатамошно насочување на секој финален производ во неговата понатамошна преработка и примена. Потврда за постигнатиот квалитет се изјавите и сертификатите за контрола на квалитет и испитување на материјали кои редовно се доставуваат до нашите купувачи, како на домашен, така и на странски пазар.
Со цел да се вклучиме на пазарите во Европа, производите на АД ОХИС се сертифицирани и ги исполнуваат светските стандарди. вклучени се во системот ISO 9000 и за секој производ постои код систем.
АД ОХИС е редовна членка на Институтот за Стандардизација - ИСРМ и ги следи сите промени во воспоставуње на нови стандарди на Европската Унија кои се во тек.
Важноста на квалитетот се потврдува со редовни проверки од претставници на сертификациска куќа еднаш во годината, за секој сертифициран процес и ресертификација на секои три години на целокупната документација за QMS. Целта на проверката е да се обезбеди доказ за QMS со барањата од стандардот ISO 9001:2008 и да се потврди интеракцијата и ефикасноста на одредени процеси, на лице место, во однос на нивните перформанси. Проверката дава можност да се види ефикасноста на менаџментот воопшто.
Воспоставувањето на Систем за Квалитет во АД ОХИС беше дел од проектот ISO 9000 во 1999 година, како помош од англиската влада, за фирми кои покрај стандардното производство имаат и развој на нови производи, во соработка со Стпанска Комора на Македонија.
АД ОХИС подолго време работеше на воспоставување на Системот за Квалитет според меѓународниот стандард ISO 9001 и ги исполни условите за добивање на сертификат.
Добивањето на сертификат за воспоставениот Систем за Квалитет, беше од големо значење за АД ОХИС во целина, но и за нашите купувачи бидејќи беше уште една гаранција за квалитетот на производите и услугите кои ги нудиме. Оттогаш па до денес, АД ОХИС има воспоставен Систем за Квалитет QMS и со постојани контакти и максимално ангажирање на вработените и раководниот тим (генерален директор, членови на управен одбор, човечки ресурси, кадрова служба, управители на фабрики и директор на систем за квалитет) и доследно спроведување на зацртаната политика за квалитет, успеавме да го задржиме пропишаниот квалитет во пропишани граници.
Зацртаната политика за квалитет доследно се реализира преку задавање на соодветни цели на квалитет за секоја година, утврдени на состаноци на раководниот тим.
Сертификацијата на воспоставениот Систем за Квалитет придонесе за значително подобрување на меѓусебната поврзаност и соработка на одделни процеси во фабриките и со надворешни партнери за документирано извршување на активности во вкупното работење за зголемување на грижата за набавка на материјали со стандарден квалитет и производство на квалитетен производ.
Како резултата на исполнување на барањата од стандардот ISO 9001:2000 и негова транзиција во ISO 9001:2008 во 2009 година, се постигнува квалитет во вкупното работење во сите делови во АД ОХИС. Тоа се потврдува со редовни интерни проверки што ги спроведуваат лица од компанијата, обучени за проверки на имплементација на Системот за Квалитет, како и со континуирани проверки од претставниците на сертификациска куќа BSI.
Сертификати
Сертификат: FM 518428, за ISO 9001:2008
Сертификациска куќа : BSI
Акредитациско тело: ANAB
Квалитетот на производите и задоволството на купувачите се основни принципи во работењето на АД ОХИС и претставува еден од главните фактори за пазарното стопанисување. Нивното остварување посебно е нагласено и зајакнато со воспоставување на системот за квалитет и добивање на стандард според стандардот ISO 9001за производните процеси.
Довербата на купувачите се стекнува со усогласување на производите и услугите со барањата на технички стандарди и усогласеност со меѓународно препознатливиот и прифатен стандард за управување со Систем за Квалитет ISO 9001. Тоа значи дека системот за обезбедување на квалитет е организиран на таков начин што оневозможува појава на неусогласени производи и лоши услуги низ сите фази на производниот процес.
Крајна цел е добивање на сертификат од меѓународно призната институција. Сертификатот е документ кој гарантира дека претпријатието има воспоставен систем за квалитет и дека работи професионално и одговорно.
АД ОХИС во моментов има добиено сертификат за ISO 9001:2008 од сертификациска куќа BSI и акредитациско тело ANAB со кои имаме долгогодишна соработка. Сертификат FM 518428.